Снежана Михајловска од Тетово гостуваше во подкастот на Стефан Лазаров каде изнесе шокантни информации за нејзиниот живот кои ја фрапираа македонската јавност поради сензитивноста на она што беше изнесено. Михајловска го кажа со име и презиме човекот кој пред 40 години ја силувал во неговиот дом! Таа имала само 5 години… Неговото име е Борче Трпковски.

Михајловска раскажува за шокантно злоставување од детството, сексуална таума која ја претрпела кога имала само 5 години. Нејзините зборови се тешки слушање, зборови од кои едноставно се превртува желудникот. Во подкастот кај Лазаров, Михајловска раскажува за кобниот ден:

– Баба ми ми вика Снеже оди да земеш млеко, ме праќа до куќа која што е над нас, да речам некои 200-300 метри. Во фамилија значи ни е род, тој цел регион ни е фамилија. Си го земаш тоа казанче-лонче и одиш до таму. Чукаш на врата, ти отвора тој, што ти треба, баба ме прати по млеко, вели Михајловска.

Човекот кој ја злоставил тогаш имал 25-26 години, а Сенажама била детенце која имала само 5 години.

– Да, забавиште бев, и ми вика, влези внатре сега ќе ти дадам млеко. И влагам и само слушам дека ја затвора вратата и гледам дека клучот го вади и го става одозгора. И ми вика дојди, да те прошетам прво, па ќе ти дадам млеко. Дете, не мислиш на ништо лошо. Излегувам од позади куќата и он мене ме зема во скут… и осеќаш дека нешто се случува…, вели Михајловска во трауматилното сведоштво.

Целото сведоштво погледнете го во видеото:

View this post on Instagram

A post shared by Lazarov Podcast (@lazarovpodcast)