Почина српската докторката Тамара Лазиќ – Стругар (44), која со години се бореше со рак на дебелото црево.
Тажната вест ја потресе јавноста, бидејќи многумина ја следеа нејзината борба со болеста и се надеваа на позитивен исход.
Во изминатите четири години таа отворено зборуваше за својата здравствена состојба, споделувајќи ги и тешките и охрабрувачките моменти.
Тамара е родена во Белград, а како тинејџерка се преселила во Њујорк, каде што студирала медицина на престижниот Универзитет Јејл, каде дипломирала како една од најдобрите во генерацијата.
Подоцна се усовршувала во повеќе земји, меѓу кои Шпанија, Италија, Чиле и САД, и станала ценет лекар во својата област.
ИМАЛА САМО ЕДЕН ЕДИНСТВЕН СИМПТОМ
И покрај успешната кариера и семејниот живот, нејзиниот живот драстично се променил кога на рутински преглед ѝ бил откриен рак на дебелото црево во четврта фаза.
Единствениот симптом што го забележала била појава на крв во столицата, што ја натерало повторно да направи колоноскопија, при што бил откриен тумор.

Во текот на лекувањето, болеста метастазирала, а и покрај бројните терапии и обиди за трансплантација, нејзината состојба се влошувала. Сепак, таа до последно останала оптимист и силна, а најголема мотивација ѝ биле нејзините деца и семејството.
Нејзината приказна остави силен впечаток и претставува потсетник за важноста на редовните прегледи и вниманието кон симптомите, дури и кога изгледаат безопасни.

