Момче (7), кое беше пронајдено без свест во близина на црквата Света Петка во Верија, Грција, пред околу десет дена, почина во болница во Солун, јавуваат локалните медиуми.

Малото момче се здобило со сериозни повреди додека играло криенка со други деца во паркот во близина на црквата.

На кобниот 20 март, малото момче било надвор со други деца и тие решиле да играат криенка. Се верува дека момчето се сопнало додека се обидувало да се скрие и претрпело сериозни повреди на главата.

Минувач го пронашол малото момче и веднаш повикал брза помош.

За жал, и покрај натчовечките напори на лекарите, детето не можело да се спаси и денес беше објавено дека им подлегнало на повредите во болницата во Солун.

Таткото на малото момче претходно изјави дека неговиот син си играл со деца во уреден парк во близина на црквата, во парк кој имал уредено игралиште и кошаркарско игралиште. Во еден момент, децата почнале да играат криенка, а малото момче најверојатно се сопнало и претрпело фатална повреда на главата.

Лекарите во Верија веднаш одлучија да го транспортираат детето во Детската болница во Солун, каде што вложија натчовечки напори да го спасат. За жал, беа неуспешни.