Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев за канал 5 изјави дека силниот пожар се наближува до куќите и дека веќе зафатил склад со дрва, од каде што се проширил кон семејните куќи.
Попладнево избувнаа два пожара во ридско-планинското подрачје околу Кочани кои зафатија десетици хектари шума, нискостеблести растенија и лозови насади.
Поради силниот ветер и сувата вегетација огнот брзо се шири во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе зафати дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско маало.
Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев за Канал 5 вели дека ситуацијата е драматична и дека пожарот веќе зафатил неколку куќи, а се заканува да се префрли и на другата страна од градот…
Илијев вели дека пламените јазици биле високи 10 метри и дека има опасност од ширење на пожарот поради силниот ветар, кој ја оневезможува интервенцијата на пожарникарите .
Во Кочани огнената стихија оштети куќи и возила, десетина граѓани побарале лекарска помош
Во пожарот што попладнево избувна на две локации во Кочани, и се доближи до станбените домови над градот во Белско Маало, има оштетени куќи, помошни објекти, оштетени се возила, меѓу кои и едно противпожарно возило.
Во кочанската болница десетина лица побарале лекарска помош поради отежнато дишење од чадот, но нема тешко повредени, јави дописникот на МИА од Кочани.
Дописникот јавува и дека пожарот поради ветерот се шири во правец на селото Тркање, а луѓето кои интервенираат таму се сконцентрирани да го спречат ширењето на огнот кон складот на „Макпетрол” и една приватна бензиска пумпа. На тоа место има и објекти од лесната индустрија.
Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани максимално се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип.
Премиерот Зоран Заев, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ја напуштија централната манифестација на Мечкин Камен и се упатија кон Кочани. Заев, како што потврдија од Владата за МИА, Заев е во постојана комуникација е со ЦУК, со општинските власти и со МВР.
Истовремено, пожар зафати шума во атарите на планинските села Новоселани и Костин Дол, а поради конфигурацијата на теренот отежната е интервенцијата за негово гаснење. Како што претходно информираше Центарот за управување со кризи, пожарот во Костин Дол бил предизвикан од паднат далекувод.
Во локализарањето на пожарите е вклучено и месното население, а како превентива е исклучена електричната енергија во западниот дел на Кочани.
Претседателот Стево Пендаровски претходно соопшти дека Армијата е вклучена во гаснење на пожарите, и дека во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терен и ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба.
Тој кажа дека е одобрил и употрена на воздухопловите, кои денеска веќе интервенирале во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани.
Пожарот во Кочани таму каде што беше најсилен моментално е смирен и е одсечен од куќите. Има огромна материјална штета. Моментално поради ветерот се префрла кругот на ширење кон селата Тркање и Бели. Сега тие се критични точки. Помош е потребна таму. 🔥🚨 pic.twitter.com/Bx0XXYRF98
— Boban Alex. (@BobanAlexGFX) August 2, 2021
Пожарот се заканува да зафати склад на „Макпетрол“
Состојбата со пожарот што го зафати Кочани станува се позагрижувачка откако од Центарот за управување со кризи информираа дека пожар во близина на кочанското село Бели, кој неколкупати бил гаснет, сега е надвор од контрола и се заканува да го зафати складот на „Макпетрол“ кој се наоѓа во близина.
Пожар во близина на с. Бели, кај месноста викана Сламерник, пожарот во неколку наврати е загаснуван, но истиот се разгорува и во моментот е вон контрола и претставува опасност кон склад на Макпетрол, кон Драчевик и Белско Маало. Според дојава на граѓани, пожарот е сосема до куќите. ТППЕ Кочани се наоѓаат на терен како и екипа од ТППЕ Виница со 2 противпожарни возила и 4 пожарникари“, информираат од Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК велат дека постојано добиваат барања од граѓани за дополнителни сили бидејќи постојните не можат да ги задоволат потребите за интервенции. Отаму додаваат дека во Кочани има уште еден активен пожар кој бил предизвикан од паднат далекувод кај месноста Костин Дол и за кратко време се има проширено кон шумски предел и е надвор од контрола.