Шпанскиот суд го осуди легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвес (41) на четири и пол години затвор за сексуален напад во Барселона на 30 декември 2022 година.

Притворен во Барселона од 20 јануари 2023 година, на Дани Алвеш му се суди од почетокот на февруари, а денеска ја дозна конечната пресуда.