Минибус со патници паднал во реката Дунав во Романија откако се судрил со друг автомобил.

– Нуркачите пронашле и една жртва, а засега не се знае колку луѓе имало во минибусот, објавуваат медиумите.

Засега немаме потврда за бројот на луѓе во минибусот. Можно е да се работи само за возачот и уште едно лице, но ние се уште ја третираме ситуацијата како да има повеќе луѓе под вода – објасни Раед Арафат од Одделот за вонредни ситуации, објавија романските медиуми.

Патниот сообраќај е целосно блокиран до завршување на спасувачката акција.

Минибусот воопшто не е видлив, немаме информации за бројот на луѓе, силите пристигнаа таму, но потребен е целосен тим нуркачи“, изјави Арафат за Диги24.