Во тек е потера по напаѓачот кој синоќа 55 минути по полноќ го уби полицаецот Никола Крсмановиќ и тешко го рани неговиот колега Вјекослав Илиќ. На местото на настанот се испратени силни полициски сили, меѓу кои и одред на Жандармеријата од Нови Сад.
Престрелката се случила 55 минути по полноќ на контролниот пункт во Липнички Шор кај Лозница. Двајца полицајци запреле такси возило со тутински регистрации, што им изгледало сомнително и во кое имало двајца мажи.
Кога полицајците побарале еден од нив да ја отвори чантата и да покаже што има внатре, тој извадил пиштол и пукал во нив. Крсмановиќ бил застрелан во градниот кош, а Илиќ во рамото.
Се сомнева дека убиецот побегнал пеш преку Дрина во БиХ
Поради граничниот појас и спречување на шверц, во близина на Дрина има пунктови каде што дежура полицијата и ги запира сите сомнителни возила. Како што дознава „Блиц“, убијците на полицаецот доаѓале од правец на Белград со такси, кога припадниците на граничната полиција ги запреле на редовна контрола.
– Се сомнева дека убиецот Хајзири Артан побегнал пеш кон Дрина. Информирани се властите во соседните земји за што поскоро да биде лоциран и уапсен убиецот – вели изворот на „Блиц“.