Краткотрајно невреме со силен дожд, град и грмотевици попладнево ја зафати скопската населба Волково.
Дел од улиците пливаат во вода, а возачите кои беа затекнати на улиците ги запираа своите возила, бидејќи, како што велат, бришачите немале доволно сила за да ја отстранат водата од ветробранските стакла.
– Невреме со силен дожд и град ме затекна на влезот од населбата Волково, возејќи кон дома. Бришачите не можеа да постигнат за да го исчистат ветробранското стакло. Истиот проблем го имаа и другите возачи, па моравме да ги запреме автомобилите и со вклучени четири трепкачи да почекаме да преврне – раскажува Симона Б.
Невремето траеше петнаесетина минути.
ФОТО: Плусинфо