Пејачката Крстиња Тодоровиќ (25) после разводот и операцијата за намалување на желудникот по кој ослабе 90 килограми, сака да стави силиконски гради и уста.
Натпреварувачката од „Ѕвездите на Гранд“ после операцијата ослабела точно 92 килограми, но таа не е потполно задоволна со својот изглед. Крстиња веќе закажала две нови интервенции на есен.
“Сега има 68 килограми и зрачи со самодоверба. Убаво се чуствува во своја кожа, но има уште работи кои би ги променила. На пример градите и устата. И се допаѓаат поголеми усни, па таа решила да ги зголеми. И градите сака да ги „среди“ со силикони, нема да ги зголеми, само ќе ги зацврсти – открива добро известен извор за српски „Информер“ и додава дека пејачката нема да се смири се додека не изгледа тип-топ.
“Свесна е дека сега многу мажи воздивнуваат по неа и таа ужива во тоа. Разговарала со естетски хирург и тој и даде некои сугестии, односно што би можело да се направи кај неа. Сега полека се подготвува да оди „под нож“ и едвај чека да го извлече максимумот од својот изглед.
И самата Крстиња потврдила дека иде на операција, односно дека планира да стави силикониски гради.