Пукањето на Филозофскиот факултет на Универзитетот Карл е најтрагичниот вооружен напад во Чешка во последните децении. Напаѓачот, 24-годишен студент, се самоуби откако уби 14 лица, а рани 25.
– Го знаеме идентитетот на сите 14 загинати. Тоа се жртви на лудиот напаѓач- изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракушан за чешката телевизија.
Тој додаде дека тројца странци се ранети. Министерството за надворешни работи на Холандија претходно соопшти дека еден од нив е холандски државјанин. Сите жртви биле убиени во зградата, а некои од нив учеле и со напаѓачот. Со согласност на семејствата објавен е идентитетот на дел од жртвите. Станува збор за пет жени и еден маж чии приказни ги пренесоа чешките портали.
6 out of 14 victims of Christian terrorist of Prague, David Kozák:
Lenka Hlávková (49), musicologist,
Jan Dlask (50), expert on Swedish literature
Aneta Richterová (20), first-year student
Klára Holcová (20), student
Magdaléna Křístková, student
Lucie Špindlerová (20), student pic.twitter.com/7Wn4mkpXRa— Spartacus 🇵🇸 (@gypsyspartacus) December 23, 2023
д-р Ленка Хлавкова – директор на Институтот за музички науки – „Врз проверени информации од семејството и со нивна дозвола, соопштуваме дека нашата колешка и директорка на Институтот не го преживеа вчерашниот напад. Изразуваме длабоко сочувство до сите настрадани, пред се до нивните семејства“, соопштија од Институтот.
Луси Шпиндлерова, студентка и уредничка на дневниот весник „Лидове новини“ – „Изразуваме длабоко сочувство до сите загинати, особено до семејствата. Ова е крајно болна вест за нас“, објави „Лидове новине“. Шпиндлерова, како што истакнаа, била студентка во прва година на чешки јазик по глува комуникација.
Магдалена Кристкова, студент – „Мајда учеше комуникација за глуви и беше на предавање кога упадна напаѓачот. За жал, немаше начин да ја спасиме. Преку ноќ се надевавме дека ќе биде во некоја од болниците и дека се ќе биде во ред, но во утрото пристигна најлошата вест“, пишуваат од општина Розтоки и додаваат: „Радосната, љубезна и исклучително способна и активна Мајда повеќе не е меѓу нас и ќе ни недостига“.
Клара Холцова, ученичка и спортистка, повеќекратна добитничка на медали – „Клара не само што ќе биде запишана во историјата на чешката атлетика, туку пред се засекогаш ќе остане во нашите сеќавања и срца“, соопштија од атлетскиот клуб Стара Болеслав. Искрено сочувство изрази и Чешката атлетска федерација.
Анета Рихтерова, студент – Трагичната смрт на ученичката ја објави доброволната противпожарна бригада Величовка, чиј член беше: „Таа беше дел од секој од нас. Дозволете ни да го изразиме нашето жалење, нашето искрено сочувство и да и оддадеме почит на овој начин. Анета остави трага во нашите срца“.
Јан Дласк, експерт за шведска литература – Масовниот убиец го убил и Јан Дласко, експерт за финска и финско-шведска литература и шведски јазик.
„Една од жртвите на пукањето е наш пријател, соученик и голем, љубезен и добар човек Јан Дласк, експерт за финска и финско-шведска литература и шведски јазик. Во овој тежок момент мислиме пред се на неговата мајка“, стои во соопштението за неговата смрт на социјалните мрежи.