Губење на чувството за мирис или вкус и болки во грлото се два симптоми кои дијаметрално ги разликуваат омикрон и делта коронавирус, а точката на нивното вкрстување е осипот, кој го имаат и едните и другите заразени, според графиконот на Британската агенција за здравствена безбедност, објавуваат српските медиуми, кој овој графикон го добиле од српските лекари.

Според најновите податоци објавени од оваа британска агенција, прикажувањето на симптомите на заразени со сојот омикрон или делта покажува дека губењето на чувството за мирис или вкус е поретко забележано кај пациенти инфицирани со омикрон во споредба со оние со делта. Само 13% од пациентите со омикрон го имаат овој симптом, додека 34% или секој трет инфициран со варијантата делта на коронавирус, пријавил губење на чувството за мирис или вкус.

Болки во грлото почесто се пријавуваат кај заразените со сојот омикрон – повеќе од половина од нив (53%), додека секое трето лице заразено со делта (34%) има болки во грлото.

И целиот спектар на симптоми, како што се кивање, течење на носот, отежнато дишење, губење на апетит или главоболка, дијареа, кашлица, треска, е карактеристично за двата вида.

Гадење или повраќање, осип и болка во мускулите или зглобовите се заеднички симптоми на соевите омикрон и делта, а најмногу од нив осипот. И пациентите кои имаат омикрон и пациентите кои се заразени со делта варијантата на коронавирус ги имаат истите симптоми, тие не се почести кај еден или друг вид.

Агенцијата потсетува дека резултатите од анализата се рани податоци за варијанти и дека наодите имаат високо ниво на неизвесност.