Морена Марјановиќ, хрватската пејачка и учесничка во реалното шоу „Парови“, почина по битката со тешката болест, потврди нејзиниот поранешен сопруг.

– Морена почина вчера во 10 часот во болница. Таа се бореше со тежок облик на леукемија. Привремено успеа да ја победи болеста, но за жал таа се врати. Не знам што да ви кажам. Тешко е за семејството. Отидов во болница да ја видам, но за жал Морена повеќе не е со нас – изјавил за српските медиуми поранешен сопруг Мануел Цури.

Последната фотографија од Морена

Погребот ќе се одржи во среда на 19 април во Мали Лошињ.