Хамас денеска ослободи 24 заложници, од кои 13 израелски државјани, 12 Тајланѓани и еден филипински државјанин.

Тие пристигнале на територијата на Израел во текот на попладневните и вечерните часови, а камерите го снимиле моментот кога еден од автобусите во кои се превезувале преминал на израелска територија.

Да потсетиме, меѓу ослободените заложници има стари жени и деца, а меѓу ослободените е и Хана Кацир за која Исламскиот џихад претходно објави дека е убиена.

Вечерва беше објавен список со 13 израелски заложници. Освен Хана, ослободени се и Маргалит Мозес (77), Јафа Адер (85), Хана Пери (79), Адина Моше (72), Данијела Алони (44) и Емилија Алони (9).

Ослободени се и Рути Мондер (78), Керен Мондер (54), Охад Мондер (9), како и двегодишниот Авив Ашер, четиригодишната Раз Ашер и нивната мајка Дорон (34).