Бразилскиот фудбалер Нејмар се враќа во Сантос, својот матичен клуб во Бразил кој го лансираше во ѕвездите.
Последно Нејмар играше за Ал Хилал во Саудиска Арабија но поради повреди повеќе беше надвор од теренот отколку на теренот.
Тренерот на Ал Хилал Жорж Жезус неодамна изјави дека Нејмар не може веќе да игра на нивото на кое ја навикнал јавноста.
Нејмар веќе е во Бразил каде треба да потпише договор.
Тој ќе го раскине договорот со Ал Хилал со заедничка спогодба и ќе остане „пократок“ за 65 милиони долари колку што требаше да заработи до крајот на договорот.