Страшна трагедија се случи на турнирот во бадминтон во Индонезија која ја потресе тамошната јавност. Имено, младиот Жанг Жиџие (17) загинал за време на натпреварот.
На вознемирувачката снимка се гледа како Џанг колабира на теренот, лекарите притрчаа и се обидоа да му помогнат, а тој почина на 30 јуни во 23:20 часот. Тој наводно бил жив по пристигнувањето во болница.
– Бадминтон Азија, ПБСИ и организацискиот комитет се крајно тажни и им изразуваат најдлабоко сочувство на родителите, семејството на Жанг и Кинеската асоцијација за бадминтон (CBA). Светот на бадминтон загуби талентиран играч – се вели во соопштението.
– Медицинските извештаи покажуваат дека жртвата доживеала ненадеен срцев удар – изјави Брото Хепи, портпарол на Здружението за бадминтон на Индонезија (ПБСИ).
Badminton player Zhang Zhijie from China suddenly fell to ground and had convulsion at the Indonesian Asian Youth Championship last night
He died after being sent to the hospital
The response of the on field Medical Staff is too slow
— Peng Seong, The One (@Cashisnotking1) July 1, 2024