Унгарската владејачка коалициска партија Фидес е победник на парламентарните избори со освоени 121 место во Парламентот од 199 пратеници, покажуваат резултатите од постизборната анкета на агенцијата Медијан.

„Според анкетата, Фидес освои 49 отсто од гласовите, додека опозициската коалиција Обединети за Унгарија ја доби поддршката од 41 отсто од гласачите“, изјави директорот на Медијан, Ендре Хан.

Хан во телевизиско гостување по затворањето на избирачките места ги најави можните изборни резултати. Според истражувањето на „Медијан“, Фидес на Орбан може да се надева на 121 место во парламентот, додека опозицијата би освоила 77 места.

Тоа би значело прилично убедлива победа за Орбан, но сепак не двотретинско мнозинство.

Резултатите од анкетата покажуваат дека во Парламентот ќе влезат и левичарската Демократска коалиција со 21 место, конзервативната Јобик со 16, либералното Монументално движење со 15, социјалистите со 12, либералниот Дијалог со осум, зелените со пет и германското национално малцинство со едно место, пренесува агенцијата МТИ.

Излезноста до 18.30 часот на парламентарните избори во Унгарија била 67,06 отсто.