Витамините и минералите се многу важни за здравјето и урамнотеженото функционирање на организмот. Со оглед на брзото темпо на живот и зголемената употреба на брза храна, поверојатно е дека на нашиот организам ќе му недостигаат одредени количини на витамини.
Недостатокот на витамин Б12 во организмот може да доведе до благи, но и појава на многу изразени симптоми кои го спречуваат нормалното секојдневно функционирање. Витаминот Б12 хемиски гледано е најголемиот и најкомплексно градениот витамин. Игра низа мнгоу значајни улоги во организмот:
1. Вртоглавица
Истражувањата покажаа дека луѓето кои се жалат на силна вртоглавица имаат и до 40 отсто пониско ниво на витамин Б12 во споредба со здравите луѓе.
Луѓето со недостаток на витамин Б12 се исто така посклони кон депресивно расположение. Доколку ги забележите овие симптоми, консултирајте се со вашиот лекар за да утврдите дали навистина се работи за недостаток на овој важен и неопходен витамин за организмот.
2. Замор
Заморот е еден од првите знаци на недостаток на витамин Б12. Заморот се јавува затоа што телото се потпира на витамин за да создаде црвени крвни зрнца кои носат кислород до органите. Без доволно кислород во вашите клетки, ќе се чувствувате уморни без разлика колку долго спиете.
3. Бледи сте во лицето
Лицето открива многу за здравјето, од навики во исхраната до начин на живот. Ако вашиот розов тен го заменил жолтиот тон, веројатно се работи за недостаток на витамин Б12.
4. Заборавате
Ако во последно време сте заборавиле каде сте ги оставиле клучевите или не знаете што барате во кујната – не грижете се, тоа не е симптом на рана деменција, туку веројатно е последица на недостаток на витамин Б12.
5. Пецкања или чувство на морници
Eден од посериозните негативни ефекти кој се случува поради одреден степен на нервни оштетувања. Без кобаламинот, отежната е синтезата на миелин – масна киселина која ги опркужува и заштитува нервните клетки. Вообичаено овие симптоми доаѓаат заедно со анемијата, но една студија утврдува дека и до 30% од случаите со пациенти со невролошки симптоми, немало знаци на анемија. Сепак, треба да се знае дека овој симптом е карактеристичен и за низа на други состојби.
6. Воспаленија во усната празнина и честа појава на афти
7. Нарушен или замаглен вид
Oва се случува кога дефицитот останува нетретиран подолого време, па доаѓа до одредени оштетувања на оптичкиот (очен) нерв. На тој начин доаѓа до попречувања во сигналот кој патува од очите до мозокот, со што се нарушува добриот вид – состојбата е позната како оптичка невропатија. За среќа, одредени студии покажуваат дека правилното суплементирање со витамин Б12, може да го реши овој проблем.
8. Чести промени во расположението
Низа на студии го поврзуваат дефицитот од овој витамин со зголемено нивоа на хомоцистеин, депресија и деменција.
Препорачливо е да се даде крв за анализа, доколку се открие недостаток на овој витамин, во исхраната додадете храна богата со витамин Б12 и наскоро симптомите ќе почнат да исчезнуваат.
ОВАА ХРАНА Е ИЗВОР НА ВИТАМИН Б12
• риба – особено туна • пилешко месо • јајца • нутритивен квасец • млечни производи – јогурт, сирење • други типови на месо • одредени фортифицирани (збогатени) производи, како на пример млеко од соја