Македонија успешно ја заврши првата фаза на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.

Со победата над Гвинеја во последното, трето коло, нашата најуспешна селекција и официјално избори место за главната фаза, каде ќе одигра уште три натпревари.

Македонија нема да менува град и своите натпревари ќе ги одигра во „Вараждин Арена“ против најдобрите три селекции од групата Ц – Франција, Австрија и Катар.

Натпревари на Македонија во главната групна фаза:
21.01.2025 – 18:00 – Македонија – Австрија
23.01.2025 – 20:30 – Македонија – Катар
25.01.2025 – 20:30 – Македонија – Франција

Нашите избраници првата фаза ја завршија со три бода – победа над Гвинеја, реми со Унгарија и пораз од Холандија.