По потпишувањето на указот од рускиот претседател Владимир Путин, освен Русија, самопрогласените републики Доњецк и Луганск на границата на Украина ги признаа и Венецуела, Куба, Никарагва, Сирија, Јемен, Јужна Осетија и Абхазија.
Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, е еден од првите светски лидери што го поддржаа ставот на Русија за признавање независноста на двата региони под контрола на проруските сили.
„Сигурен сум дека жителите на Донбас, доколку одржат референдум како оној на Крим, ќе гласаат за припојување на тие територии кон Русија“, рече поранешниот марксистички герилец.
Тој додаде дека потегот на Москва е одбранбен, по што САД соопштија дека последните избори во Никарагва, во ноември, биле наместени во корист на Ортега, воведоа санкции кон официјалните лица на Никарагва и предложија поради тоа земјата да биде исфрлена од Организацијата на американските држави.