Центарот за управување со кризи информира дека, денеска, во периодот од 12.00 до 17.00 часот е планирано минирање на локалитетот „Сладун“ во Општина Прилеп.

Минирање, како што велат, ќе има и на каменоломот „Говрлево“, Општина Сопиште, од 10.00 до 15.00 часот.

Според нив, ќе има повеќе детонации, што ќе се почувствуваат и слушнат во околината.