По кратко боледување, почина Хасан Аметовски-Хари (60), кој беше дел од документарецот „Од раскош до бездомништво, од семејство до улица – сурови животни приказни“ на „Претрес“ со Кристијан Ландов.
Неговата животна приказна е потресна, тажна, болна. Беше штитеник на пунктот за бездомници во Момин Поток.
– Почина Хари. Познат од скопските улици. Не се срамеше да каже кој е, но и како пропаднал и станал бездомник. Секогаш расположен за муабет, да си ги каже маките. Алкохолот и коцката си го земале данокот. Остави приказна низ која испрати порака – како не треба да се плови низ животот. Нека почива во мир, напиша Ландов на социјалните мрежи.
Неговата животна приказна можете да ја погледнете на видеото во продолжение: