Војната во Украина зема уште една спортска жртва, а тоа е репрезентативецот во стрелаштво Иван Олександрович.
Стрелачката федерација на Украина ја објави тажната вест на својата интернет страница.
„На 20 април за време на жестоките борби во Бориславскиот регион загина Иван Олександрович, мајстор на спортот на Украина, интернационален шампион во стрелање, повеќекратен шампион, победник на Европски првенства и освојувач на бројни медали. Вечна слава. Ќе запаметиме. Нема да простиме“, стои на страницата на Федерацијата за стрелаштво на Украина.
Федерацијата го остави телефонскиот број на сопругата Наталија за сите што сакаат да помогнат.
Оваа објава го потресе и Дамир Микец, српскиот стрелец кој се закити со сребрен медал на Олимписките игри во Токио.
Тој објави слика од пријателот со порака.
– Почивај во мир сакан наш Иван – напиша потресен Микец.