Оваа година се навршуваат 16 години откако нашата најголема музичка легенда, Тоше Проески, го напушти овој свет, а фановите и семејството ни за ден не заборавија да го споменат. Кога тој го загуби животот, зад себе ги остави омилените внуци Кристијан и Никола од неговата сестра Дора, кои потполно ги обожаваше и со кои го користеше секој можен слободен момент за уживање.

Како што често знаеше да каже, токму за нив купуваше безброј играчки и подароци во сите негови патувања, а тие со цела душа го чекаа неговото повторно враќање во Крушево, каде и ден денес живеат.

За постариот син на Дора, Кристијан Ристески се знае повеќе, затоа што до некаде реши да ги следи стапките на Тоше, па почна се испробува во музичките води. Тоше додека беше жив, за него сними и песна “My little one”, која се најде на првиот постхумен албум кој требаше да му ги отвори вратите кон светската слава. Години подоцна и Кристијан испеа песна посветена на својот вујко, а таа пак се најде на досега последниот постхумен албум на Тоше, “Secret place”.

Во 2007 година кога Тоше засекогаш не напушти тие беа мали деца, но денес и двајцата се веќе големи момчиња или мажи, а се чини и дека двајцата веќе наликуваат на својот славен вујко.

Иако многу ретко објавува фотографии на социјалните мрежи, а најчесто се тоа слики од својот брат, Дора, овој пат гордо ги покажа своите синови. Сите тројца се фотографирани на едно од омилените места на Тоше во Крушево, кај 33-метарскиот крст кој крушевчани го изградија токму за него, по негова желба и аманет, во близина на манастирот Свето Преображение. Манастир кој и самиот Тоше со физичка работа го градеше и за кој изјави дека знае, дека после се ќе завеши тука.