Македонски туристи кои денеска биле на еднодневна екскурзија во Албанија, се уште не се вратени дома оти автобусот со кој патувале почнал да фрла искри и развил голема топлина во задниот дел, јавуваат патници до редакциајта на 4NEWS.mk
По инсистирање на патниците, автобусот застанал околу 22 часот и се уште стои во место. На патниците им било кажано дека ништо не е опасно и дека станува збор за скинато црево.
„Стоиме во место, не сакаме да се вратиме во автобусот бидејќи е опасно. Посебно во задниот дел да се возиш се гледа како постојано има големи искри позади автобусот“, вели една од читателките кои реагираа до редакцијата на 4NEWS.mk.
Автобусот претходно започнал и да чади. Во моментов нема информација дали ќе се сервисира автобусот или ќе се испрати нов по македонските туристи. Кога тие ќе стигнат дома останува нејасно.