Судејќи според најавите од регионот, некои изведувачи во 2025 година ќе влезат со многу полни џебови. Можност добро да заработат имаат пејачите кои договорија настап за Нова година, како што е веќе познато, а оваа година меѓу нив се и Драгана Мирковиќ, Бобан Рајовиќ и Гога Секулиќ.

Гога за дочекот ќе работи во Босна и Херцеговина, а хонорарот ѝ е 20.000 евра, пишува „Курир“, Рајовиќ пак, 2025 година ќе ја дочека во Црна Гора, во хотел во Подгорица дури 40.000 евра. Драгана, пак, договорила новогодишен концерт во Бар на плоштадот, а според последните информации ќе заработи 100.000 евра.

Пејачот Здравко Чолиќ останува рекордер по заработка за дочекот. Ќе ја помине најлудата ноќ во Тиват и ќе заработи 120.000 евра. Пријовиќ, сепак, се радува на концертот на Златибор и се вели дека ќе заработи колку и Чолиќ. Додека Цеца Ражнатовиќ од плоштадот во Херцег Нови ќе си замине „потешка“ за 100.000 евра.