Во страшна сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Бања Лука – Прњавор загина народниот пратеник на Собранието на Република Српска Срѓан Тодоровиќ, неговата сопруга и детето, а повредени се и уште две деца кои поради повреди на главата и телото итно се пренесени во болница.
-Децата во попладневните часови се примени во Ургентниот центар со повреди на главата и телото здобиени во сообраќајна незгода. Повредите се соодветно третирани, пациентите по укажаната лекарска помош се хоспитализирани, а во тек е понатамошна дијагностика и терапија – наведуваат во УКЦ на Република Српска.
Автомобил „волво“ удрил во камион со приколка, а камионот веќе стоел на патот поради претходен судар со друго возило. Двете деца кои биле во возилото се со повреди, но за среќа се надвор од животна опасност.