Државната изборна комисија на веб страницата ги објави резултатите по обработени 95,00% од гласовите во првиот круг од претседателските избори.

Предноста на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова засега изнесува повеќе од 174.000 гласови во однос на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, што е и двојно повеќе.