Дражана Палац од Груд во Херцеговина доби подарок од својата шефица за кој многумина можат само да сонуваат.
Кога се вратила од работа, Дражана пред својата куќа видела црвен мерцедес со машна, кој ѝ го подарила сопственичката на центарот ‘Фитнес Ени’, каде Дражана работи како фитнес инструкторка, пишува hercegovina.info.
– Дража беше покрај мене кога немав ништо. Заедно бевме чистачки, таа ми беше клиент, работник и моја пријателка. Можев да и се јавам на полноќ и да сметам на неа. Таа е една нерасипана личност, некој кој секогаш покрај мене и ми ја враќа вербата дека има уште добри луѓе, искрено добри. Среќна сум што можам да бидам нејзина пријателка и што таа е покрај мене. Скромно би спомнала дека тоа е колата што таа сакаше да ја купи еден де. Одлучив да ѝ ја подарам во знак на благодарност за се што таа ми дава мене. И верувајте, колку и Дража да се израдува, јас бев уште посреќна кога ги видов нејзините искрени солзи радосници и кога ме прегрна, среќата навистина се множи споделувајќи ја. Во споредба со бесценетиот подарок на луѓето како мојата Дража, ѝ посакувам многу среќни километри со порака дека секогаш ќе бидам тука за неа, исто како што таа е за мене, рече Илијана Бодловиќ, попозната како Ани.
– Тоа беше навистина шок за мене. Не очекував ништо и тука беше вклучено и моето момче кој испланирал се со нив, а јас воопшто не очекував ништо. Кога дојдов, воопшто не го видов автомобилот, туку ја видов екипата. Потоа го видов автомобилот кој ми е сон и веќе 7-8 години сакам да го купам, вели таа за hercegovina.info Дражана Палац, новата сопственичка на нов мерцедес.