Ракометарот Денис Тот од дискотеката излегол во друштво со осомничните за неговото убиство по три часа забава. Тие имале резервација, пиеле виски и Ред бул, немало расправии ниту индиција дека нешто ќе се случи. Внатре влегле околу триесет минути по полноќ, а излегуваат околу 3 часот и 30 минути по полноќ.
Несогласување меѓу убиениот и првоосомничениот за убиството на Тот, Анџело Ѓорѓиевски од Волково, второосомничената Клементина Лефковска од Драчево и третоосомничениот Андреј Костовски од Ново Село, настанало дури откако влегле во таксито.
„А1он“ дознава дека осомничените прво му направиле место на Тот да влезе во таксито, но потоа, по неколку секунди се предомислуваат.
Надвор, прв го удира Анџело, па потоа го клоцаат Андреј и Клементина. Откако стануваат свесни дека дека Тот не дава знаци на живот, нивни другар почнува да го оживува, а Клементина и натаму го клоца. Се обидуваат и со вештачко дишење и масирање на срцето да го вратат во живот, а откако тој не реагира, телото го вртат на левата, па десната страна. На крајот, Анџело и Андреј со влечење го преместуваат телото на Тот, објави а1он.