Во просториите на касарната „Генерал Јован Мишковиќ“ во Белград денеска околу 16 часот и 45 минути бил пронајден обесен мајорот И.Н., кој служи во Министерството за одбрана, а кој бил на командно-штабна обука, соопшти тамошното МВР.
И покрај исклучително брзата реакција на екипата за итна помош, обидот за реанимација бил неуспешен.
Надлежните органи веднаш излегле на местото на настанот за да извршат увид.
Мајорот И.Н. е роден во 1977 година во Шибеник, а во војската на Србија служи од 2000 година.