Австралискиот премиер Скот Морисон ја потврди веста за одбивањето на визата за Новак Ѓоковиќ, велејќи дека никој не е над законот.
Морисон на Твитер напиша:
„Визата на Ѓоковиќ е откажана. Правилата се правила, особено кога се во прашање нашите граници. Никој не е над овие правила. Нашите силни гранични политики беа од клучно значење за Австралија да има една од најниските стапки на смртност во светот од ковид, ние продолжуваме да бидеме будни“.
Морисон уште вчера најави дека ако медицинската документација на Ѓоковиќ не биде во ред како што налагаат правилата, тогаш тој ќе биде вратен со првиот авион назад.