Пивотот на „лалињата“ Ларс Кој кој игра за нашиот Вардар беше прашан и за однесувањето на Македонците, по инцидентите што се случија за време на синоќешниот дуел.
„Тоа е сосема поинаков свет и култура. Се што прават, прават со голема страст, дури и во некои разговори ќе помислите дека се бесни едни на други, но тоа е сосема нормално за нив. Можам да кажам дека се отворени и пријателски луѓе, но во спортот, секогаш се е прашање на живот или смрт.
Ако победиш си Господ, но по секој пораз си никој и ништо. Нe го разбирам јазикот и не знам што викаат, но можам да кажам дека се фрла со најразлични предмети кон играчите… Морам да потенцирам, атмосферата е фантастична, игравме дерби во Скопје пред 4.000 навивачи, тоа беше специјално, прекрасно искуство“, открива Кој детали од животот во Македонија.