Понекогаш гените прават неверојатна работа, а децата едноставно не личат на некој конкретно или ги наследуваат карактеристиките на древните предци, оние кои никогаш не сме ги ни сретнале. Доказ за тоа е приказната за Афроамериканката Ебони Лампкин, која родила момче со црвена коса, иако ниту таа, ниту нејзиниот сопруг немаат некој во семејството со таа нетипична боја на коса, особено нетипична за луѓето со темна боја на кожата.

Нејзиното признание ви го пренесуваме во целост, а фотографиите од црвенокосото момче можете да ги погледнете најдоле во текстот:

Мислев дека тоа што сум дел од американската морнарица е најневеројатното нешто што ми се случило. Тогаш станав мајка, не мислев дека може да биде подобро. Се додека не се роди мојот син Метју. Имав две деца. Се беше совршено за време на бременоста. Мојата снаа направи ултразвучни слики на кои се гледаше совршено здраво момче, со многу коса. Она што не знаевме е дека косата е црвена! Да, црвена коса….Не можев да верувам тоа, ниту лекарите и медицинските лица не можеа. Јас сум Афроамериканка и тоа е последното нешто што го очекував.

Во моментот кога се роди, првото нешто што го слушнав беше: „О, Боже мој“. Тоа е последното нешто што секоја жена сака да го слушне, особено откако само што поминала 11 часа раѓајќи бебе. Меѓутоа, пред да почнам да паничам, медицинската сестра постојано ми велеше: „Има ЦРВЕНА коса“. Молчев добри 10 секунди, а потоа ја замолив да го избања бебето неколку пати. Го избања 3 пати пред да се врати и ми рече „Не вреди мајко, имаш мало црвенокосо момче“.

Сите беа зачудени од него. Беше неверојатно, црвенокосото бебе штотуку излезе од стомакот на една Афроамериканка. Верувајте ми, и јас бев шокирана. Медицински сестри и лекари од целата болница дојдоа да го видат. Тие никогаш не виделе нешто слично.

Секако, имаше и има шпекулации. Не можам да избројам колку пати морав да му објаснам дека не е посвоен, дека не е мој посинок и дека не е албино. Дека јас сум му мајка, а не тетка, кума или дадилка. Никој никогаш не верува дека е мој син. Или ако веруваат, секогаш претпоставуваат дека од татко му ја наследил црвената коса. Всушност, и двајцата родители мора да го носат генот MC1R за нивното дете да ја наследи црвената коса.

Секако, имаше и многу позитивни реакции. Луѓето секогаш се изненадени од неговата коса, особено кога сме заедно. Обично секој странец што го среќавам ми кажува се за црвенокосите во нивното семејно стебло. Нивните пријатели, сестри, чичковци, братучеди или браќа имале црвена коса. Само се смеам и слушам. Обично не ми пречи, освен кога се брзам. Секој сака да ја допира неговата коса. Тоа ми пречеше, затоа што кој и да пријде само допира туѓо дете? Но, сега успевам љубезно да ги замолам да не го прават тоа.

Од друга страна, секогаш има негативни и груби луѓе. Јас и моите два сина чекавме еден ден во ред да купиме пица кога една жена ме праша дали ми се допаѓа работата на дадилка. Отпрвин не разбрав што ме прашува, па и одговорив: „Не знам, никогаш досега не сум размислувала за тоа?“. Таа ми рече: „Па, нели ти си нивна дадилка?“ И возвратив дека тие се мои синови. Таа го погледна Адам со неговата темна кожа и темна коса и рече: „Можеби тој, но не белото момче“. Тоа ме налути многу.

Една постара бела жена еднаш повика полиција, мислејќи дека крадам дете на случаен минувач. Дури бев испрашувана во полиција. Со мене го имав неговиот извод од матична книга на родените, бидејќи претходно бев на лекар. Полицаецот не ми веруваше! Тоа беше најстрашното нешто што ми се случило.

Се обидовме да ги пронајдеме лозите од двете страни на нашето семејство пред 5 генерации и не најдовме ништо. Ниту едно лице од ниту едно семејство немаше црвена коса. Никој!

Се трудам да размислувам за сите позитивни работи и благослови што ги добив во мојот живот. Им направив страница на Инстаграм и би сакала да почнат да се занимаваат со манекенство. Адам и Метју се како нокт и прст. Тие се најдобри пријатели. Но, тие се и мои најдобри пријатели, ја заврши таа исповедта за порталот lovewhatmatters.com.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸