Таткото и двајца синови починаа во пожар во куќата што се случил на Божик, а мајката и третиот син успеале да се спасат.

Во пожарот настрадале и двете кучиња што семејството ги чувало.

Пожарот во нивната куќа во градот Квакертаун во Пенсилванија веројатно избувнал во комбинација со проблеми со електричните инсталации и божиќното дрвце.

Полицијата и пожарникарите се упатени на местото во 1.22 часот утрото на Божик, по локално време, каде сите пет члена спиеле на вториот кат од куќата каде избил пожар.

СПасувачките екипи поради силината на пожарот имале големи проблеми со влегувањето во куќата.

Мајката и постариот син се здобиле со полесни изгореници

„Влезната врата и предниот прозорец беа блокирани, огнот во тој момент напредуваше низ целата куќа. На пожарникарите им требаше одредено време затоа што тешко беше да се влезе во куќата“, рече локалниот пожарникарски командант.

Кога конечно влегле во куќата, ги откриле телата на Ерик Кинг (41) и неговите два сина на вториот кат.

Мајката и најстариот син успеале да се спасат и се здобиле со полесни изгореници.

Кусо биле во болница, и пуштени се од таму.

📷

📷

📷