Тригодишниот син на американската инфлуенсерка и ТикТокерка Емили Кисер, Триг Кисер, почина откако беше пронајден во несвест во базен во Аризона, соопшти полициската станица Чендлер.
Момчето беше пронајдено во критична состојба на 12 мај. Тој бил однесен во блиската болница, а потоа со хеликоптер префрлен во Детската болница во Феникс.
Официјалните лица во средата изјавија дека од почитување на приватноста на семејството, нема да објавуваат детали за состојбата на детето. За жал, вчера ја загуби битката за живот.
Кисер, која има повеќе од три милиони следбеници на TikTok и повеќе од милион следбеници на Instagram, стана позната на јавноста преку споделување снимки од нејзиниот секојдневен живот.
Нејзините следбеници беа загрижени кога таа престана да биде активна на профилите на социјалните мрежи, не знаејќи дека доживеала семејна трагедија.
Таа и нејзиниот сопруг го добија Триг во јули 2021 година. Таа го роди својот втор син Теди пред два месеци.