Хрватскиот капитен Домагој Дувњак се повреди на натпреварот помеѓу Хрватска и Аргентина на Светското првенство.
Домагој Дувњак во солзи го напушти теренот на натпреварот меѓу Хрватска и Аргентина на Светското првенство во ракомет во Загреб.
По само десет минути игра, хрватскиот капитен седна на клупата, а потоа куцаше кон соблекувалната.
– Станува збор за повреда на потколеницата на левата нога, се надеваме дека не е кинење на мускулот, но солзите на Дувњак секако не се добра вест, објавија хрватските жедиуми.
Тоа би било огромен удар за хрватската ракометна репрезентација, но и за Дувњак, кој го игра својот последен турнир. Би било страшно ако треба да се збогува веќе во првата фаза од турнирот.
Нетрпеливо ги чекаме новостите и се надеваме дека повторно ќе го видиме Дувњак на овој Мундијал.
Да потсетиме, тој во пресрет на Мундијалот најави збогување од репрезентацијата.