Турскиот актер Рамазан Тетик, познат по улогата во серијата Eşref Rüya, почина на 37-годишна возраст.

Тажната вест ја потресе јавноста и неговите колеги од актерската фела. Според информациите, Тетик доживеал срцев удар, по што бил итно пренесен во болница и сместен на интензивна нега. И покрај напорите на лекарите, тој не успеал да ја добие битката и починал.

Актерот беше дел од популарната серија во која главните улоги ги толкуваат Чагатај Улусој и Демет Оздемир. Неговата смрт остави голема тага кај семејството, пријателите и колегите, кои преку социјалните мрежи упатија бројни пораки со сочувство.