20-годишна жена од Колорадо, САД, доживеала тешка несреќа кога полицискиот автомобил во кој била ставена од полицијата, која претходно и ставила лисици, бил разнесен од воз додека бил застанат на пругата.

Видео од безбедносните камери на полициските униформи како и на други патролни возила го снимија моментот кога патролното возило беше разнесено од возот.

На видеото се слуша како машиновозачот ја активира сирената за да ја алармира полицијата која, сепак, не ја сфаќа опасноста. Наместо тоа, може да се слушне 20-годишниот Јарени Риос-Гонзалес како вели: „О Боже мој, ох Боже“.

Претходно полицијата и ставила лисици на 20-годишната за инцидент во кој учествувала пред неколку дена.

Како што може да се види на видеото, откако ја уапсиле 20-годишната жена, полицајците ја сместиле на задното седиште во патролното возило и продолжиле да разговараат со неа најмалку пет минути без ниту еден од нив да направи да го тргне возилото од пругата.

Кога еден нивен колега го видел возот како се приближува, им викнал на полицајците „тргнете го автомобилот од шините, повлечете се“, но дотогаш веќе беше доцна за каква било реакција.

И покрај тешкиот удар, 20-годишната мајка на едно дете преживеала, иако со неколку повреди. Лекарите во болницата каде што била однесена констатирале дека 20-годишната девојка имала девет скршени ребра, скршеница на раката и градниот кош и изгубила неколку заби.

Полицаецот задолжен за патролното возило е суспендиран бидејќи истрагата за инцидентот е во тек, а американските медиуми го поставуваат прашањето „зошто воопшто да се паркира патролното возило на железничка пруга? Тоа е небрежност и неодговорност во најмала рака“!“.