Гласањето во избирачкото место 1112/1 во Липковo е прекинато, пишува Алсат. Таму се сомничи злоупотреба за таканаречениот „бугарски воз“.
Членовите на ДИК не дозволуваат оваа злоупотреба да се докаже во извештајот на набљудувачите додека полицијата е веќе присутна.

Што всушност е „бугарски воз“ и како да се забележи?

Овој метод на изборна кражба функционира од првиот гласач во тој „воз“, вадејќи празно гласачко ливче, наместо да го стави во кутија. Неговото ливче се пополнува „прописно“ надвор, во близина на избирачкото место, а потоа му се дава на следниот гласач во „вагонот“. Гласа со пополнето, а вади ново празно ливче и така во круг, додека има „вагон“.