Сцените што може да се видат во јавниот превоз или на автобуските постојки често се неискажливи со зборови.

Така, една од нив е направена во главниот српски град Белград, каде една госпоѓа била принудена да купи свиња, веројатно за прослава и да ја однесе дома – со автобус.

Целото прасе го завиткала во провидна фолија во која се уште се гледаат крвави траги преку нејзиното рамо, а таа трпеливо го чекала автобусот.

Некои беа шокирани од оваа сцена, некои не, но некои биле на мислење дека треба да се овековечи.

Зошто била достојна да биде овековечена, сведочат коментарите на сметката на госпоѓата која го направила тоа што морала и како само можела сама да го направи тоа.

– Жената буквално се снашла и алал да и е, некој не е способен ни за толку.

– Целта ги оправдува средствата!

– Госпоѓетина! – се дел од коментарите на оваа фотографија.