Победата на македонските фудбалери над Италија во Палермо го „запали“ Скопје. Огномети, песни, бакли, македонски знамиња се дел од сликите кои може да се забележат низ улиците на главниот град.

Во центарот на Скопје, кај „Рекорд“ фановите го блокираа и сообраќајот каде скандираат и пеет за да ја одбележат победата против актуелниот европски првак во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар оваа година.

Македонските фудбалери ја победија на гостувањето во Италија со 1:0 со голот на Александар Трајковски во 92. минута. Финалниот меч од баражот за пласман на Мундијалот ќе се игра на 29 март во Порто против Португалија која вечерва ја победи Турција.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

🎥

ФОТО и ВИДЕО: 360 степени