Лудата железница може да биде одлично место за поминување време со семејството, а преплашените лица на оние кои го пробуваат овој „лет“ десетина метри над земјата секогаш стануваат вирални на социјалните мрежи.
Една таква снимка успеа да собере дури 17 милиони прегледи, а наместо во лицето, многумина гледаа во градите на „хероината“. Не, не е тоа што мислите. Не станува збор за голотија, туку за влошките од градникот на младата дама на тобоганот, кои ѝ испаднаа и одлетаа додека таа врескаше на сиот глас.
Оваа е три броја помала откако заврши нејзиното возење“, „Нејзиниот дечко го крева погледот и гледа сосема друга личност“, „Урнебесно, се прашувам каде завршија влошките“, „Се надевам дека не е на прв состанок“, „Одлета засилувањето“, се само дел од коментарите под видеото.
Oops 😂 pic.twitter.com/matzFEToPj
— Funny Moments (@FaildVideo) July 23, 2024