Радмило Арменулиќ, сопругот на Силвана го гледал филмот „Тома“ и вели дека неговата покојна сопруга била претставена како лесна жена, а дека настаните поврзани со нив се невистинити.

– Како прво, Силвана никогаш не зборуваше со босански акцент. Можете да го проверите и на Интернет, каде што има снимка од нејзиното интервју кое таа го дала во тоа време. Пред нејзината врска со мене, во 1958 година, таа се забавуваше со еден аптекар од Нови Сад по име Ѓука, вели Арменулиќ и додава:

“Се запознавме во 1959 година и оттогаш постојано бевме заедно. Се венчавме две години подоцна. Можеби Тома бил во некаква емотивна врска, но не со мојата Силвана. Никогаш не сум слушнал да пеат заедно. Се венчавме тајно затоа што тогаш не смеев да им кажам на родителите, бидејќи таа беше пејачка – откри Радмило.

Тој имаше коментар и за тоа како е претставен неговиот лик во филмот.

„Пукнав од смеење. Нема врска со мене. Сите се пониски од Тома, а во реалниот живот тој беше многу низок човек. Цуне и Тозовац се претставени на смешен начин. Тома беше извонреден музичар и текстописец, но од друга страна, коцкар и алкохоличар. Силвана е прикажана како неморална жена. На почетокот ја покажуваат гола, во гаќички и градник, што не е во ред. Ја прикажуваат како лесна жена. Луѓето кои не ја познаваат можат да создадат погрешен впечаток за неа. Сè на сè нема врска со вистината. Мојата ќерка нема намера да го гледа филмот – вели тој.