Огромна трагедија се случи на северот од Србија. Страшна несреќа на Иришки венец го одзеде животот на 26-годишниот кошаркар Марко Андриќ, што предизвика огромна тага во српскиот спорт.

Марко Андриќ од Сремска Митровица загина во страшна и морничава сообраќајна несреќа што се случи на патот помеѓу Иришки Венец и Сремска Каменица. 26-годишникот го загуби животот во несреќа која се случи денеска.

Несреќата се случила на дел од патот познат по своите остри кривини. Според информациите од српските медиуми, Марко бил зад воланот кога, од непознати причини, преминал во погрешна лента и се судрил со камион што доаѓал од спротивната насока.

„Судирот беше ужасен. Автомобилот беше целосно згмечен од силата на ударот, а камионот беше уништен од напред“ – изјави извор за српски Курир.

Полицијата, брзата помош и пожарникарите-спасувачи набрзо пристигнаа на местото на несреќата.

„Пожарникарите мораа да го исечат лимот за да стигнат до телото на младиот човек. За жал, лекарите можеа само да констатираат смрт на лице место“ – додава изворот.

Истрагата на местото на несреќата траеше со часови, па дополнително ќе бидат утврдени точните околности на оваа трагична несреќа