Целиот спортски и фудбалски свет се молеше за здравјето на Кристијан Ериксен во саботата вечерта, кој се сруши пред крајот на мечот на полувремето меѓу Данска и Финска. Долго време, скоро никогаш, не била видена ваква вознемирувачка сцена на некое поголемо натпреварување од овој ранг како што е Еврото.
Со брзата реакција на неговите соиграчи и лекарскиот тим на теренот, Ериксен се врати во живот, се разбуди и откако беше пренесен во болница, пристигнаа првите информации за неговата состојба, од таткото на играчот.
Неговите зборови беа пренесени до медиумите од агентот на Ериксон.
– Кристијан Ериксен дише и може да зборува. Тој е буден – изјави Мартин Скутс, агент на фудбалерот, за станицата „НПО Радио 1“, по разговорот со таткото на данскиот играч.
Според некои медиуми, клучна улога во спасувањето на Ериксен од најлошото одиграл капитенот Симон Кјаер, кој меѓу првите истрча кај својот соиграч и му го тргнал јазикот за да не се задуши, учествуваше во реанимацијата на Ериксен, а потоа со неговите соиграчи ја бранеше од камерите драмата која ја имаше халфот на Интер.