Почина Бошко Јанкулов, момчето од Кавадарци кое боледуваше од малиген карцином на коски, карлица и бели дробови. Македонија се обедини и за Бошко се собираа финансиски средства за да замине на лекување во Турција.

Бошко не успеа да ја победи оваа битка. Неговата мајка Весна, со трогателна порака се прости од нејзиниот син единец.

– Единец на мајка. Звездо наша нај сјајна, душа чиста како анѓел,срце пречисто како солза радосница, светлино наша ни ѓи исполни животите со спомени што за навек ќе се паметат. Дете полно разбирње,емпатија, простување, без осуди кон никого. Иако се чувстуваше тажно и неприфатено од околината сепак на крајот се запрепасти во тешките твои битки колки си сакан и почитивуван и подржуван . Биди спокоен чедо наше таму каде што одиш нема болки, нема патење само мир вечни . Вечен спокој на душата твоја , те чека бога со раширени прегратки. Прости ни сине не можевме да те сочуваме! Биди анѓел на небото исто како што беше на земјата. ВЕЧНА ТИ СЛАВА ЈУНАК НАШ,НАРОДЕН ХЕРОЈУ. ДО СЛЕДНО ВИДУВАЊЕ. МАМА ТЕ САКА БЕСКОНЕЧНО 💔💔💔💔💔, напиша неговата мајка.

На социјалните мрежи се огласи и докторот Ненад Лазаров кој напиша:

Со жалење ја примивме веста дека нашиот штитеник Бошко починал. Сочувство до семејството и пријателите на овој борец кој не се откажа и даде се од себе до последните моменти! На сите вас кои дониравте вечна благодарност што успеавме да не му ја скратиме и најмалата шанса и надеж. Тежок ден. Нека ти е светол патот дете, научивме многу од тебе и твојата храброст!