Денеска во Белград на 58-годишна возраст почина прославениот кошаркарски репрезентативец Зоран Сретеновиќ. Тој со репрезентацијата на СФР Југославија беше европски шампион во Рим 1991 година, а се селекцијата на СР Југославија победи на ЕП 1995 година.

Сениорската кариера ја започна во екипата на ОКК Београд, а потоа се пресели во Црвена Звезда за која дебитираше во сезоната 1984/85. Одигра уште една сезона со „црвено-белите“, по што во 1986 година се пресели во сплитска Југопластика каде ги постигна најголемите успеси.

За пет сезони, тој освои три титули европски клупски шампион, четири титули шампион на СФР Југославија и два трофеи во Купот на СФРЈ. Пред почетокот на војната поранешната држава, Сретеновиќ ја напушти Југопластика и кариерата ја продолжи во германскиот Бамберг со кого го освои германскиот куп во сезоната 1991/92. Потоа играше за Антиб.

Во текот на 1993 година се врати во Србија и потпиша за Партизан со кого го освои Купот на СР Југославија. Потоа мина неколку сезони играјќи за Боровица од Рума, за Црвена звезда и белградски Раднички. Во 1998 година замина во Полска, каде што ја заврши кариерата во 2001 година.

Потоа започна тренерска кариера и ги водеше Будуќност, Хемофарм, Игокеа, Војводина и полските екипи Гдањск, Кошалин и Стал.