Големо внимание во јавноста предизвика една ромска свадба која се одржа пред извесно време, на која гостите, но и водител за малку ќе беа повредени.

Имено, водителот Урош Божиќ, кој води еден ваков проект, снимил непријатен инцидент кој се случил на забава на Ромите.

За време на веселбата се случила несреќа кога огнометот тргнал наопаку.

Славениците за да ја приредат својата раскошна забава, на гостите им подготвиле и огномет кој бил испукан од терасата, во близина на масите на кои седеле гостите.

Меѓутоа, нешто тргнало наопаку, па во еден момент почнал да пука огнометот, но во дворот, а не во воздухот.

Веднаш почнало да пука, а огнометот почнал да лета во различни правци, па ги погодил масите, шаторот и се останато околу дворот, кога сите сс разбегале.

Иако видеото го објави на Тикток, подоцна го отстрани.