Екипите на Борец и Шкендија го одиграа вториот натпревар од полуфиналето на одбојкарскиот шампионат на Македонија, кој им припадна на домашните со 3-2.
Сепак, овој натпревар ќе остане запаметен по инцидентите кои се случија после неговото завршување во кое имаше физичка пресметка помеѓу одбојкарите и публиката.
Екипата на Шкендија по инцидентите се огласи и на социјалните мрежи со соопштение во кое извести дека одбојкарите и членови на стручниот штаб давале исказ во полиција.
– Резултатот на теренот беше засенет со неспортскиот прием на локалните навивачи и нападот врз нашите играчи во салата „Парк“ во Велес. Одбојкарите и стручниот персонал вечерва се повикани во канцелариите на СВР Велес на распит, објави Шкендија.