Вчера на 41-годишна возраст почина директорот на скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“ Фарук Зеќири, кој е брат на екс генералниот секретар на владата Мухамед Зеќири.

Порака со сочуство за починатиот Зеќири испрати заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.

– Денеска добив тажна вест дека почина Фарук, директорот на гимназијата „Зеф Љуш Марку“. Ќе го паметам како вреден и неуморен работник во благородната мисија за унапредување на албанското образование. Искрено сочуство до неговото семејство, пријателите и колегите, напиша Битиќи.

Сочуство преку својот Фејсбук профил изрази и градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу:

-Со длабока тага ја примив веста за смртта на мојот пријател, директорот на гимназијата Зеф Луш Марку, Фарук Зеќири. Фарук ќе остане запаметен по неговата напорна работа и огромен придонес во развојот на образованието. Искрено сочувство до семејството, колегите, пријателите, студентите! Почивај во мир Фарук, на сите ќе ни недостасуваш неизмерно!, напиша градоначалникот Ганиу.

Фарук Зеќири функцијата директор на гимназијата „Зеф Љуш Марку“ ја извршуваше од август 2013 година, а претходно работеше како професор во СУГС „Цветан Димов“.